Лакроа трагичар, Арсенал по пенал-серија во полуфинале

23.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лакроа трагичар, Арсенал по пенал-серија во полуфинале
фото: Arsenal FC (X)

Фудбалерите на Арсенал по пенал-серија го совладаа Кристал Палас и се пласираа во полуфиналето на Карабао купот.

Избраниците на Микел Артета беа подобар противник во текот на целиот меч, но никако не успеваа да го пробијат бедемот на гостинскиот тим. „Топџиите“ поведоа дури во 88-та минута со автоголот на Лакроа. Но, Кристал Палас не се откажа и во 95-тата минута стигна до изедначување преку Геи.

Во пенал-серијата сите фудбалери од двата тима беа перфектни, па првите седум серии завршија нерешено, сепак во осмата серија Салиба ја затресе мрежата на Бенитез, но Лакроа не успеа да го совлада Кепа и да го остави својот тим во игра. Во полуфиналето Арсенал ќе се соочи со екипата на Челзи.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата