Грузискиот суперстар, Квича Кварацкелија и официјално е нов член на тимот на ПСЖ. Во трансфер кој се најавуваше долго време, грузиецот се сели во Париз, како нов член на тимот кој годиниве ги донесе Меси, Нејма, Мбапе, и ред други.
Долго време Наполи, неговиот досегашен клуб, ПСЖ и тимот на Кварацкелија беа во преговори, и конечно се дојде до дил кој вели дека напаѓачот ќе остане во Париз со 2029 година.
Поточно потпишал четиригодишен договор, со што секако станува еден од најплатените играчи во Европа.