Крај на црната серија: Атлетико (М) ја совлада Валенсија (ВИДЕО)

13.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Крај на црната серија: Атлетико (М) ја совлада Валенсија (ВИДЕО)
фото: LALIGA (X)

По два последователни порази, момците на Чоло Симеоне успеаја да се рехабилитираат и да ја остварат 11-тата победа сезонава во Ла Лига. Попладнево на отворањето на програмата од новото коло во Шпанија, Атлетико (М) на домашен терен го победи тимот на Валенсија со 2:1.

Со голот на иконата на тимот Коке, Атлетико поведе со 1:0 во 17. минута. Гостите успеаја да погодат за 1:1 во првиот дел, но тој погодок на пепелу беше поништен поради офсајд.

Упорните гости успеаја да дојдат до израмнување на 1:1 во 63. минута со еден убав погодок на Белтран. Сепак, радоста кратко траеше, затоа што францускиот ветеран Гризман со голот во 74. минута ја врати предноста на домашните за 2:1. Атлетико погоди и третпат преку Сорлот, но и тој гол ВАР го поништи.

Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и денеска остана само на клупата кај Валенсија.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата