Крај на шпанската „сапуница“: Алварез се извинил?

14.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Крај на шпанската „сапуница“: Алварез се извинил?

Хулијан Алварез ја прифатил одлуката на Атлетико Мадрид дека не може да оди во Барселона.

Според извори блиски до мадридскиот клуб, Аргентинецот им се извинил на соиграчите што јавно го притискале да го напушти Атлетико и рекол дека ќе остане посветен на тимот како што бил во текот на изминатите две сезони.

Исто така, се додава дека Алварез одлучил да не инсистира на состанок со раководството на клубот и дека нема да има понатамошни спорови или несогласувања околу неговиот трансфер.

Покрај сето ова, Александар Серло е повреден и ќе биде надвор од теренот повеќе од еден месец, што дополнително влијаело врз Атлетико дури и да не размислува за напуштање на Аргентинецот, откако си замина и Антоан Гризман.

Се очекува Алварез да биде достапен за првиот натпревар од следната сезона, на 19 август, кога Малага ќе гостува кај „Метрополитен“.

Сега останува да се види што ќе направи Барселона, бидејќи Аргентинецот беше единствената и најголема желба и на Ханси Флик и на Деко, а тие одбија да имаат план Б, иако беше споменат Жорж Микаутѕе, повеќе за тоа ТУКА.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата