Косово денеска испиша историја!

17.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Косово денеска испиша историја!
ФОТО: Football Federation of Kosova/FB

Од денеска селекцијата на Косово е на 84.место на ФИФА листата. Со ова репрезентацијата на нашиот северен сосед испиша историја, ова е најдобриот пласман во историјата на оваа селекција. Досега тоа беше 91.место, но по победата над Шведска и по ремито со Словенија направи скок од седум места.

Ова е само доказ дека Косово во последно време игра одлично и со малку среќа има шанси да се пласира директно на СП 2026 или во најмала рака да игра бараж за пласман на Мундијалот.

Да споменеме дека покрај Косово, на најновата ФИФА ранг листа најголем скок од девет места забележа и селекцијата на Фарски Острови.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата