Комо и Интер не успеаја да постигнат ниту еден гол во првиот меѓусебен дуел од полуфиналето на Купот на Италија. Вечерва на стадионот „Џузепе Синигаља“ навивачите не успеаја да видат погодок, па со тоа и одлуката за првиот патник во финалето на Купот ќе биде одложена до реваншот во април.
Интер влезе во мечот клако благ фаворит, но не успеа да најде начин да го совлада домашниот голман Бутез. Статистички, Комо имаше и повеќе упатени удари кон противничкиот гол, но и мрежата на Зомер остана празна.
Реванш средбата е закажана за 22 април.

