Нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс, најверојатно ја завршува фудбалската кариера на 25. години, поради хронички проблеми со колената.
Ужасните повреди на овој екстра квалитетен напаѓач му ја уништија кариерата, и тој наместо мега трансфер става крај на кариерата.
А има само 25. години. Ведетата на Баер Леверкузен, со кого овој клуб стигна и до титулата во 2023/24 година е пред пензионирање, откако како позајмен играч во Вердер одигра само 300 минути, и одново ќе мора да прави операција. По првата, онаа на вкрстените лигаменти паузираше речиси две години, а сега е потребна нова, за што лекарскиот тим кој што го води вели дека не само што може да го одстрани трајно од професионалниот фудбал, туку може да доведе и до траен инвалидитет.
Токму затоа, Бонифејс на лето најверојатно престанува со фудбал.

