Вчеравечер и денеска се појавија информации за можно заминување на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, од клубот. Иако неговиот мандат е важечки до 2029 година, се пишуваше за потенцијална одлука за предвремено завршување на неговата мисија на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, тоа нема да се случи, објавува „Кадена КОПЕ“.
Дон Флорентино планира да остане барем до крајот на својот мандат и нема намера да поднесе оставка. Сака да продолжи да го гради Реал Мадрид, но и да се залага за основање на Суперлигата.
Перез ја презеде функцијата претседател на Реал во 2000 година, само за да поднесе оставка во март 2006 година. Се врати во 2009 година како единствен кандидат и победи на следните избори каде што остана на функцијата како единствен конкурент.
sportmedia.mk

