Кои се седумтемина што му свртеа грб на Алонсо?

13.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кои се седумтемина што му свртеа грб на Алонсо?
фото: Real Madrid CF (X)

Заминувањето на Чаби Алонсо по само половина година во Реал Мадрид беше главната вест на денот вчера, а една од клучните причини за неговото прерано заминување од „Сантијаго Бернабеу“ беше „тивкиот бојкот“ кој му го направија дел од фудбалерите.

Шпанските медиуми се занимаваа и со начинот на кој одредени ѕвезди се збогуваа со тренерот кој требаше да послужи како долгорочно решение. Од нивните реакции на социјалните мрежи сега веќе се надзира и кругот на играчи кои му го свртеа грбот на Алонсо.

За разлика од Мбапе, кој прв се огласи на своите профили, а по него следуваа уште десетина други првотимци, дури седум фудбалери воопшто не реагираа на смената на Алонсо, со што станува јасно каква била и нивната конекција со довчерашниот прв тренер на тимот.

Винисиус Жуниор, со кого Алонсо имаше голема караница околу контролирањето на своето его во соблекувалната, а по него и Едер Милитао, Трент-Александар Арнолд, Ферлан Менди, Џуд Белингам, Брахим Дијаз и Франко Мастантуоно останаа без реакција на смената на тренерот.

Некои од споменатите се повредени, некои играат на Африканскиот куп на нации, но индикативно е што Винисиус и Белингам не се најавија, бидејќи беше очигледно дека Алонсо има проблеми со нив.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата