Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Кога сите ги отпишаа, тие направија неверојатен кам-бек и се спасија од испаѓање

15 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Оваа приказна е од Шпанија, поточно од второлигашката конкуренција – Сегунда дивисион. Во приказната е вклучен фудбалскиот клуб Картагена од регионот Мурсија кој од 2020 година се врати во Сегунда после осум сезони поминати во Третата лига.
Оваа сезона 2023/24 се најдоа во големи проблеми, катастрофални резултати и порази поради што по првиот дел од сезоната, поточно по 21 одиграни коло беа заковани на дното со само 15 освоени бодови, осум бодови од сигурната зона. Во септември го отпуштија тренерот Виктор Санчез кого го назначија за нов стратег пред почетокот на сезоната.

Кога речиси сите ги отпишаа и ги прогласија за идни патници во Третата лига, фудбалерите направија чудо. На кормилото на крајот на септември дојде Хулијан Каљеро кој за нешто повеќе од два месеци успеа да ги среди работите, а плодот се виде во вториот дел од сезоната.

Ја завртија плочата наопаку и место порази, почнаа да редат победи.
Во наредните 18 натпревари собраа дури 36 поени. 11 им беа победи, а триумфот над Тенерифе (2:0) во неделата значеше обезбедување на опстанок. Сега имаат 51 бод и се на 13-тото место на табелата на три кола до крајот.
Па така Картагена и четврта сезона по ред ќе настапува во Сегунда.

Фантастична работа на фудбалерите и на Каљеро кој е поранешен помошник тренер во шпанската репрезентација, во Порто, Овиедо и Б тимот на Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ