Клоп забележа бек на Волфсбург како замена за Матип

8.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Клоп забележа бек на Волфсбург како замена за Матип

Дефанзивецот на Волфсбург, Максенс Лакроа е на списокот на менаџерот на Ливерпул како потенцијална замена за Жоел Матип, кој има тешка повреда на коленото и најверојатно нема да игра повеќе оваа сезона. 23-годишниот Французин, кој е поранешен младински репрезентативец на Франција, нема да биде скап за „црвените“ и може да биде донесен за околу 30 милиони фунти, тврди „Дејли меил“.
Неговиот договор истекува на крајот на идната сезона, па германскиот клуб може да го продаде за да заработи добри пари.
Еден плус за Лакроа е што освен што може да игра како централен бек, може да игра и како десен бек и да биде алтернатива на Трент Александер-Арнолд.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата