КЛ: Гаштаров постигна автогол, Алиоски со Лугано слави во Шпанија

22.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КЛ: Гаштаров постигна автогол, Алиоски со Лугано слави во Шпанија
фото: FK Crvena Zvezda (FB)

Црвена звезда и Копенхаген ги поделија бодови играјќи 2:2 во второто коло од Лигата на конференции, по ревија на одлични голови на „Рајко Митиќ“. Гостите поведоа во 29-тата минута откако нашиот млад репрезентативец Матеј Гаштаров си постигна автогол. Звезда брзо се врати во натпреварот – Тими Макс Елшник во 34-тата израмни на 1:1, а Василије Костов во 41-вата минута постигнаа спектакуларен гол за 2:1. Копенхаген, сепак, успеа да изедначи во второто полувреме и да си замине од Белград со бод.

Лугано на Џани Алиоски оствари убедлива победа од 5:2 кај Хетафе. Шпанците поведоа во втората минута преку Иван Азон, но Лугано брзо презеде контрола – Албијан Ајети постигна два гола (3′ и 26′), а Јанис Чимњани додаде уште еден во седмата минута. Шпанскиот тим се обиде да се врати во играта, но швајцарците ја задржаа предноста и на крајот забележаа висока победа. Алиоски беше на клупа, но доби шанса во 75. минута.

  • Иберија Тбилиси – Мјалби  1-1

  • Нордсјеланд – ЦСКА Софија   2-2

  • Црвена звезда – Копенхаген  2-2

  • Јаблонец – Брајтон   0-0

  • Кауно Жалгирис – Бран  1-4

  • Хетафе – Лугано   2-5

  • Интер Ескалдес – Уни. Крајова  1-3

  • Пафос – Рига   1-1

  • Трабзонспор – Хартс  2-0


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата