Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Хет-трик за 17. минути, Меси тргна по стапките на најголемиот ривал (ВИДЕО)

29 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Аргентина продолжува со „егзибициските“ натпревари по освојувањето на Светското првенство. На Сантијаго дел Естеро, пред 42.000 гледачи, мрежата на слабиот Курасао беше исполнета до врв. Конечниот резултат гласеше 7:0.

Актуелниот светски првак играше во силен состав. Веќе во првото полувреме „гаучосите“ постигнаа пет гола, блескаше Лионел Меси, ми беа доволно 17. минути за да постигне хет-трик. Во периодот од 20. до 27. минута постигна три гола и дојде до бројката од 102 погодоци во националниот дрес.

Гонзалес и Фернандес за предност од 5:0. Во второто полувреме, во листата на стрелците се запишаа и Ди Марија и Монтиел.

Легендарниот Аргентинец тргна по стапките на својот најголем ривал Кристијано Роналдо, кој е единствениот активен фудбалер со повеќе од 100 гола во националниот тим. Португалецот постигна 122 од нив.

За одличниот капитен на „гаучосите“ ова беше 57. хет-трик во кариерата, а деветти во дресот на аргентинската репрезентација.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ