Хаосот во Меделин донесе 59 повредени (ВИДЕО)

19.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаосот во Меделин донесе 59 повредени (ВИДЕО)
Она што требаше да биде празник на фудбалот во големото дерби на колумбискиот фудбал помеѓу екипите на Атлетико Насионал и Депортиво Индепендиенте се претвори во хорото приказна која донесе 59 повредени.
Инаку локалната пресметка на Меделин, на стадионот Атанасио Гирардот, објект кој што овие два клуба го делат како домаќини по завршувањето на истата се претвори во тотален хаос и безредие.
Медиумите во Колумбија пренесуваат дека вистинска среќа е што нема жртви затоа што се пронајдени ножеви, остри предмети, палки и што ли не кај навивачите на трибините. А за штетата на стадионот и да не зборуваме. Огромен дел од инвентарот е искршен.

 

 

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата