Хаосот во Косово продолжува: Ново откажување од репрезентацијата

18.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаосот во Косово продолжува: Ново откажување од репрезентацијата

Нови проблеми за фудбалската репрезентација на Косово – по капитенот Амир Рахмани, од националниот тим се повлече и Флорент Хадерѓонај. Десниот бек преку социјалните мрежи објави дека повеќе нема да настапува за Косово, наведувајќи дека нема разбирање со селекторот Франко Фода.

Неговото повлекување доаѓа во исклучително важен период за Косово, кое во само десет дена треба да одигра четири натпревари. Косово на 24 септември ја пречекува Ирска во Приштина, а три дена подоцна гостува кај Австрија. На 1 октомври следува дуелот со Израел во Унгарија, додека на 4 октомври повторно ќе ја пречекаат Австрија.

Хадерѓонај е стандарден првотимец во турскиот шампионат, каде настапува за Алањаспор.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата