Ханси Флик: Реал го има најдобриот напаѓач, но Барса си има свои планови!

11.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ханси Флик: Реал го има најдобриот напаѓач, но Барса си има свои планови!
фото: Barcelona (X)

Интересно беше на прес – конференцијата на стратегот на Барселона, Ханси Флик во пресрет на финалето во Супер – Купот против Реал, кој се игра во недела во Џеда. Германскиот тренер изрази оптимизам и нагласи дека неговиот тим е исклучително фокусиран на освојување на трофејот.
„Мислам дека сите ја ценат можноста да играат во финалето против Реал Мадрид. Можеме да ја освоиме титулата и за да го направиме тоа мора да играме како тим – тоа е она што сакам да го видам. Тоа е најважното нешто“, рече Флик. Запрашан за формата на нивните противници, тој одговори:

Тие имаат фантастични играчи со исклучително висок квалитет. Но, јас сум фокусиран на мојот тим. Ова е Реал Мадрид и нема поголема мотивација од тоа.

Коментарите на Флик за француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе, кој го пропушти полуфиналето на Реал Мадрид против Атлетико, привлекоа особен интерес.

Тој е најдобриот напаѓач во моментов. Играч од светска класа“, призна каталонскиот тренер.
Сепак, тој веднаш возврати со импресивна статистика од неодамнешните судири:

Колку Ел Класика сме играле? Колку сме победиле? Изгубивме само еден натпревар. Мбапе е фантастичен играч и ќе се прилагодиме на него до одреден степен, но и на целиот тим на Реал Мадрид. Мора да играме на начинот на кој Барселона секогаш игра – со наш стил, кој е различен од оној на Реал.“


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата