Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Хамшик објави крај на кариерата

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Еден од најдобрите словачки фудбалери на сите времиња, Марек Хамшик соопшти дека на крајот на сезоната во турската Суперлига ќе ја заврши својата професионална кариера. Тој има 35 години, а моментално е член на Трабзон и до крајот на сезоната во Турција има уште две кола по што ќе ги закачи копачките на клинец.

Хамшик за Словачка одигра 136 натпревари и постигна 26 голови, најголемиот успех го постигна во 2010 година кога со националниот тим стигна до осминафиналето на СП во Јужна Африка. Во текот на кариерата играше за Слован од Братислава, Бреша, а во Наполи помина 12 години. Со Наполи освои два Купа, а со Трабзон  минатата сезона стана шампион на Турција.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ