Халанд им се извини на фановите на Сити по бламажата во Норвешка!

21.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Халанд им се извини на фановите на Сити по бламажата во Норвешка!
ФОТО:facebook.com/mancity

Манчестер Сити вчера во меч од Лигата на Шампионите и тоа како се избламира. Еден од најскапите тимови во светот “успеа“ да загуби од еден Бодо/Глимт и тоа со 3:1. Јасно е дека овој пораз тешко им падна на сите во клубот, можеме само да претпоставиме како се чувствуваше Пеп Гвардиола, а Ерлинг Халанд по мечот јавно им се извини на сите кои навиваат за Манчестер Сити.

“„Немам одговор. Ја преземам целосната одговорност што не успеав да ги постигнам головите што требаше да ги постигнам. Им се извинувам на сите; на секој навивач на Манчестер Сити и на секој навивач што патуваше денес, бидејќи на крајот е срамно. Боде играа неверојатен фудбал и на крајот заслужија да победат. Искрено, не знам што да кажам бидејќи немам одговори, а она што можам да го кажам е жалење.“ истакна Халанд.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата