Халанд и другарите ја декласираа Молдавија, Црна Гора славеше против Гибралтар

22.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Халанд и другарите ја декласираа Молдавија, Црна Гора славеше против  Гибралтар

Во терминот од 18 часот се одиграа две средби во квалификациите кои стартуваа вчера.

Очекувано силната Норвешка немаше никаков проблем на гостувањето во Кишињев и успеа да ја победи Молдавија со 0:5.

Интересно, Ерлинг Халанд беше стрелец на само еден гол, а во 78.минута беше заменет, едноставно немаше потреба и натаму да игра.

За Норвежаните покрај Халанд, стрелци беа и Риерсон, Асгард, Серлот и Донум.

Црна Гора во меч кој се одигра во Никшиќ, и покрај проблемите кои ги имаше против Гибралтар, сепак на крајот го доби овој меч со 3:1.

По малку сензационално, гостите поведоа со голот на Бент во 13.минута. Следуваа три гола на домашните и тоа на Јоветиќ, Тучи и Марушиќ за победа и за освојување на три бода на стартот од квалификациите за СП 2026.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата