Некогашната звезда на Рома, Реал Мадрид, Интер, Милан… и на уште неколку италијански клубови, Антонио Касано не престанува да ја шокира јавноста со изјавите во најразлични медиуми, подкасти, на различни теми пред се од калчо фудбалот.
Последно контроверзниот напаѓач се обрати на тема Рафаел Леао, во моментов број еден играчот на Милан.
Според Касано тој ни оддалеку не е играч каков што сите го претставуваат.
„Може да има и пет и седум постигнати голови, воопшто не ми е гајле. На мечот против Каљари беше потполно неприметен иако го постигна победничкиот гол. Не знае да игра со грб завртен кон голот“ – изјави Касано, па продолжи.
„Бројките може „да си ги носи дома“…. не е се во статистиката. И Инзаги имаше бројки и статистика па не беше голем играч. Ме потсетува на Ришарлисон. Дава по некој гол а во суштина е „надвор“ од играта. За мене Леао е „тешка превара“ од игра. Нема врска со фудбал“ – „распука“ Касано за емисијата Вива Ел Футбол

