Во првиот натпревар од денешната програма во Лигата на шампионите, екипата на Њукасл едноставно го „потопи“ тимот на Карабах на домашен терен во Баку. По само едно полувреме, Англичаните имаат водство од неверојатни 5:0!
Четири погодоци за само 45 минути постигна капитенот и најдобриот фудбалер на „страчките“, Ентони Гордон. Два негови гола беа од игра, а два од белата точка, Петтиот гол за Њукасл беше дело на Малик Чао.
Ако нешто не се промени, на Карабах му се најавува вистинска катастрофа!

