Капитенот на Борусија Дортмунд, Емре Џан, заработи сериозна повреда на коленото и ќе отсуствува подолго време.
32-годишниот играч од средниот ред се повреди вчера во натпреварот од 24-то коло од Бундеслигата против Баерн Минхен (2-3) по еден дуел со Конрад Лајмер. Емре почна да плаче по повредата и се обиде да продолжи да игра неколку минути, но беше принуден да го напушти теренот на крајот од првото полувреме.
Борусија Дортмунд објави дека Џан ги скинал вкрстените лигаменти на левото колено и ќе отсуствува неколку месеци.

