Капело: “Врескав како луд, БиХ сепак е полесен ривал од Велс“!

27.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Капело: “Врескав како луд, БиХ сепак е полесен ривал од Велс“!
ФОТО: Fabio Capelo/X

По се она што се случи вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП 2026, во натпревар на кој Италија славеше против С.Ирска со 2:0, свој коментар имаше и славниот италијански стратег, Фабио Капело.

Во разговор за „Ла Газета дело Спорт“, Капело откри колку е емоционално исполнет за време на натпреварите на националниот тим. „Врескав како луд дома на каучот. За мене, националниот тим е многу повеќе од кој било друг тим“, призна тој.
Тој, исто така, се осврна на самата игра, истакнувајќи дека Италија беше премногу бавна и ѝ недостасуваше доволно интензитет во првото полувреме. Ја пофали Северна Ирска.
Во финалето Италија гостува во Зеница каде ќе игра против селекцијата на Босна и Херцеговина. Тој смета дека Италија во финалето добила полесен противник:

Тие се добри технички и дефинитивно се супериорни во однос на Северна Ирска. Но, морам да бидам искрен, во однос на духот и темпото, Велс би бил потешка пречка, особено дома“, објасни тој.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата