Каков шамар за Мбапе: И фановите на Реал сметаат дека Јамал треба да ја добие “Златната топка“!

15.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Каков шамар за Мбапе: И фановите на Реал сметаат дека Јамал треба да ја добие “Златната топка“!
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Непријатно и прилично шокантно изненадување го пречека Килијан Мбапе директно од – навивачите на Реал! Во голема анкета спроведена од угледниот мадридски спортски весник „Марка“, младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, убедливо го надмина напаѓачот на кралскиот клуб и излезе на врвот меѓу главните фаворити за освојување на „Златната топка“ за 2026 година!
“Марка“ им понуди на своите читатели три опции за тоа кој ја заслужува најпрестижната индивидуална награда: Ламин Јамал, Килијан Мбапе или некој друг.
Конечните резултати од гласањето предизвикаа вистинско неверие во мадридскиот табор, со оглед на тоа што мнозинството читатели се навивачи на Реал:

Ламин Јамал: 15.516 гласови (37%)

Некој друг: 14.795 гласови (36%)

Килијан Мбапе: 11.455 гласови (27%)

Младиот ас на Каталонците со тоа доби опиплива предност од дури 10 проценти во споредба со Мбапе, што е јасен показател за тоа колку неутралната и мадридската публика е воодушевена од неговите партии во дресот на Барселона и селекцијата на Шпанија.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата