Јувентус само со бод од гостувањето кај Болоња

4.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јувентус само со бод од гостувањето кај Болоња

Фудбалерите на Болоња не дозволија пораз на домашен терен на дуелот со Јувентус играјќи  1-1 во натпреварот од 35-то коло од италијанската Серија А.

„Бјанконерите“ на успеаја да ја одржат предноста во Болоња, каде што трката за пласман во Лигата на шампионите стана уште повозбудлива. Гостите поведоа во деветтата минута кога Турам погоди за 0:1, а домашните чекаа на израмнување до 54. минута кога Фројлер погоди за израмнување.

Болоња е на седмата позиција со 62 бода, додека Јувентус е четврти со бод повеќе.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата