За сума од околу пет милиони долари, тимот на Манчестер Јунајтед постигнал начелен договор својот втор во моментов голман, турчинот Алтар Бајиндир да го продаде на тимот ан Бешикташ.
Тој во Јунајтед пристигна од Фенербахче, а претходно настапуваше и за тимот на Анкарагучу, и во моментов има 27. години. Во сиот овој хаос што се случува периодов на Олд Трафорд, и тој доби некаква шанса за настап, но како и повеќето од играчите не остави некаков преголем впечаток.
Во меѓувреме беше донесе белгиецот Сене Леменс, кој што автоматски доби статус на прв голман, па Бајиндир едноставно и нема потреба да остане во Манчестер.
Подобро би било за него да замине во друг клуб каде што дефинитивно ќе брани, а Бешикташ е местото каде што очигледно и ќе замине.

