Јирген Клоп засекогаш ќе остане во срцата на фановите на Ливерпул. Германецот за првпат по три децении во таа 2020 година ја донесе титулата на „Енфилд“, во својот мандат ја освои и титулата во ЛШ.
Клоп од мај 2024 веќе не е на “Енфилд“, сега ја извршува функцијата директор на Ред Бул за развој на фудбалот, но во пресрет на мега дербито Ливерпул – Манчестер Јунајтед во неделата, даде интересна изјава.
Имено тој не ја исклучи можноста еден ден да се врати во Ливерпул:
“Во повеќе наврати сум истакнал дека никогаш нема да седна на клупата на ниту еден друг клуб во Премиер-лигата, освен на Ливерпул.Значи теоретски е можно еден ден повторно да бидам тренер на Ливерпул, но не сега, не во блиска иднина. Сепак не знам што би требало да се случи за да дојде до тоа. Искрено ми се допаѓа оваа работа што сега ја работа, засега не ми недостига тоа да бидам повторно тренер“ посочи Клоп.