Судискиот комитет на Шпанската фудбалска федерација призна дека на Реал Мадрид погрешно му е досуден пенал на натпреварот против Расинг Сантандер. Ова стана јасно во новата епизода од програмата „Tiempo de Revisión“, во која се испитуваше ситуацијата со Килијан Мбапе од минатата недела на стадионот „Ел Сардинеро“.
Видеото го поставува прашањето дали имало причина пеналот да му биде досуден на францускиот напаѓач. Мбапе ја контролира топката во шеснаесетникот и се обидува брзо да го совлада противникот. Според Техничкиот комитет на судии, Прати ја ставил раката пред напаѓачот на Реал Мадрид, но „не употребил никаква сила“. Затоа, комитетот смета дека не постои јасна причинско-последична врска што би го оправдала досудениот пенал.
Така, главниот судија Хозе Луис Мунуера Монтеро направил јасна грешка, а ВАР судијата Луис Марио Мила исто така не ги исполнил своите должности. Според анализата, тој требало да го повика главниот судија на мониторот за да ја разгледа ситуацијата и да ја промени својата одлука. На крајот, токму од досудениот пенал Реал Мадрид поведе откако Мбапе реализираше од пенал.

