Историски срам за Наполи, првпат примија 6 гола на европски натпревар

22.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Историски срам за Наполи, првпат примија 6 гола на европски натпревар
фото: Eurosport IT (X)

Италијанскиот шампион Наполи доживеа историски пораз на гостувањето кај ПСВ во Ајндховен синоќа во мечот од третата рунда во Лигата на шампионите. Според статистиката, наполитанците за првпат во клупската историја примија 6 гола во европски натпревар.

Последен пат Наполи примил 6 гола на еден натпревар на 21 декември 1997 година против Сампдорија (3:6) во Серија А. По синоќешниот дуел тренерот на тимот, Антонио Конте истакна дека ова е огромно разочарување за сите во клубот.

„Постои разочарување, но тоа никогаш не се случува случајно. Мораме да се обидеме да го смениме трендот, но на некој начин тоа не ме излудува. Минатата година го освоивме првенството благодарение на играчите кои се потрудија повеќе од потребното; бевме обединети во текот на целиот натпревар. Мислам дека девет нови играчи се премногу, но мораше да ги потпишеме. Воведувањето девет нови играчи во тимот не е лесно. Тоа е Лигата на шампионите, тоа е нивото. Имаме малку да кажеме, но многу да направиме и ќе мора да работиме напорно. Ќе биде тешка сезона, но нема потреба да очајуваме“, вели Конте.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата