Ирските фанови бараат преигрување на мечот во Прага?!

27.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ирските фанови бараат преигрување на мечот во Прага?!
ФОТО:facebook.com/narodak/

Р. Ирска вчера на пенали беше елиминирана од Чешка во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП. Па така во вторник во Даблин селакцијата на Р. Ирска ќе игра неважен меч со Македонија, а Чешка ќе игра финале со Данска.

Сепак јавноста во Р.Ирска и фудбалските фанови не можат да се помират со поразот и бараат овој меч да се преигра.

Тие бараат УЕФА да поведе истрага и тоа поради чешките навивачи за нивното однесување за време на изведувањето на пеналот. Нивните жалби се однесуваат на прекинот од трибините на Фортуна Арена во Прага, каде што се слушаше гласна сирена секој пат кога ирски играч се приближуваше да изведе пенал.

Ирските навивачи го изразија својот гнев поради сирените и влијанието што звуците изгледа го имале врз играчите за време на изведувањето на пеналот.

Потребна е истрага за оваа изведување пенал. Штета е што Чесите свиреа гласна сирена секој пат кога Ирците изведуваа пенал“, напиша еден навивач на социјалните мрежи.

Друг додаде:

Како е можно да имало сирена на стадионот кога Ирска изведуваше пенал? Се огласи кога Чесите го изведоа шутот“. Третата беше уште подиректна:

Чесите мамеа. Застанаа пред шутот за да видат каде ќе се фрли голманот, а потоа засвирија со сирената додека Ирците шутираа за да ги одвлечат вниманието“.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата