Иран ќе ја бојкотира ждрепката за СП 2026

28.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран ќе ја бојкотира ждрепката за СП 2026
фото: Megatron (X)

Иранската фудбалска федерација одлучи да ја бојкотира ждрепката за Светското првенство во 2026 година, која ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон, откако САД одби да им даде визи на неколку членови на делегацијата.

„Ја информиравме ФИФА дека донесените одлуки немаат никакво влијание врз спортот и дека членовите на иранската делегација нема да учествуваат на ждрепката за Светското првенство“, изјави претставник на федерацијата.

Беше забележано дека само четворица членови на делегацијата која треба да патува за Вашингтон добиле визи, вклучувајќи го и селекторот на репрезентацијата на Иран, Амир Галеноеи.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата