Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Интер во јануари ќе се обиде да го доведе Верати

29 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Марко Верати ќе биде следната трансфер цел на тимот на Интер. И тоа во јануарскиот преоден рок. Информациите велат дека напаѓачот не е премногу задоволен од престојот на Блискиот исток, каде што е член на тимот на Ал Араби и во Европа би можел да се врати многу побргу од очекуваното.

Па така, Интер е тимот кој е заинтересиран за 32. годишниот напаѓач, кој што го напушти ПСЖ летово.

Нормално, Интер и Верати ќе мора да се спогодат околу платата, затоа што напаѓачот во моментов заработува неверојатно 30 милиони евра.

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ