Интер е првиот полуфиналист во Купот на Италија, откако вечерва славеше на натпреварот со Торино со 2:1. Мечот се одигра на стадионот во монца, затоа то „Сан Сиро“ е зафатен со подготовката за свеченото отворање на ЗОИ 26.
Сепак, и тоа не им пречеше на „нероаѕурите“ да обезбедат место во последниот круг до големото финале во Купот. Бони во 35. минута го отвори резултатот за водство на домашните од 1:0, а Диуф со гол во 48. минута зголеми на 2:0 и го најави триумфот на миланезите.
Единствениот гол за Торино го постигна Куленовиќ во 57. минута.

