Интер киксираше против Болоња

15.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер киксираше против Болоња

Екипата на Интер во денешниот единствен дуел од Серија А, одигра само 2:2 на домашен терен против Болоња што секако може да се окарактеризира како кикс.

Кастро ги доведе гостите во водство од 0:1, а потоа Дамфрис и Мартинез до полувреме направија 2:1. Холм на стартот на вториот дел израмни на 2:2, и тоа беше се од головите на овој меч.

Интер се обиде повторно да стигне до ново водство, но домаќинот не успеа во таа намера.

Па така, Интер по 19. одиграни кола има 44 бода и е втор, додека пак Наполи со меч повеќе има 47 бодови.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата