Интер ќе биде без Стоунс еден месец

17.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер ќе биде без Стоунс еден месец

Поради повреда на бутот здобиена на претходниот меч на Интер од Серија А шампионатот на домашен терен против Удинезе, англискиот репрезентативец Џон Стоунс ќе паузира околу еден месец.

Тоа денеска го потврдија дополнителните лекарски прегледи кои што беа обавени врз дефанзивецот, а истите ги потврди и клубот.

Стоунс е еден од оние играчи на Интер кој што пристигна токму летово на Џузепе Меаца од Манчестер Сити. Досега одигра четири мечеви и имаше запазена улога и минутажа во дресот на Интер.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата