Фудбалерите на Интер продолжија со доминантните партии во Серија А, откако денеска во 26-то коло на гостински терен славеа против Лече со 2:0.
Двата гола за победа на Интер дојдоа во завршницата на натпреварот.
Интер поведе во 76-тата минута кога резервниот играч Хенрик Мхтаријан постигна гол по корнерот на Димарко за 1:0, а потоа следуваше и конечната потврда на победата со голот на Мануел Аканџи седум минути подоцна.

