Екипата на Интер на домашен терен оствари победа од 3:1 над тимот на Емполи во последниот дуел од денешната Серија А програма.
Целиот дуел мина во доминација на домаќинот кој поведе со голот на Лаутаро Мартинез во 55. минута од мечот. Дамфрис беше играчот што зголеми на 2:0, а единствениот светол момент за гостите беше голот на Еспосито со кој што Емполи намали на 2:1.
Сепак, Маркус Турам во 89. минута погодува за 3:1, и го поставува конечниот резултат.
Интер и натаму е втор со 47. бода три помалку од првопласираниот Наполи но и меч повеќе.