Инфантино дециден: Иран ќе игра на Мундијалот!

30.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инфантино дециден: Иран ќе игра на Мундијалот!
фото: El Comentario (X)

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги отфрли сите сомнежи и потврди дека иранската фудбалска репрезентација ќе учествува на претстојното Светско првенство, кое ќе се игра од 12 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

Тој на Конгресот на ФИФА во Ванкувер јасно кажа дека Иран ќе игра во Соединетите Американски Држави.

„Причината за ова е многу едноставна, мора да се обединиме. Мора да ги зближиме луѓето, тоа е моја одговорност, наша одговорност. Фудбалот го обединува светот, ФИФА го обединува светот, сите ние го обединуваме светот“, рече Инфантино.

Иран е дел од групата Г заедно со Белгија, Египет и Нов Зеланд. Тие ќе го играат својот прв натпревар на Светското првенство против Нов Зеланд во Инглвуд на 15 јуни. На истиот стадион ќе играат против Белгија на 21 јуни, додека последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство ќе биде против Египет на 26 јуни во Сиетл.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата