Играчот на Реал Мадрид се спаси од затвор

3.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Играчот на Реал Мадрид се спаси од затвор

Младиот и перспективен играч на Реал Мадрид, Раул Асенсио се спаси од кривична одгоросност и сериозно обвинение. Младиот фудбалер беше обвинет од страна на неколку девојки за дистрибуција на видео клип со сексуална содржина, а на кој се наоѓаа токму тие, но Асенсио се спаси од одговорност. Причината за тоа е едноставна, а вели дека самите девојки кои што го обвинија решија да ја повлечат пријавата, и да не го гонат.

Со ова Асенсио избегнува сериозна кривична одговорност, со што неговите проблеми со законот барем засега завршија.

Јавноста треба да знае дека тој веќе е осуден за возење во алкохолизирана состојба за што му е одземена возачката дозвола и платил казна од 14.000 евра.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата