Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ибра има нов клуб? Шансите се мали, но веќе ги рушат гигантите, со него ќе имаат поголема слава!

29 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тоа што се врати во шведската репрезентација е најдобар показател дека Златан Ибрахимовиќ и на 41 година нема намера да стави точка на својата богата кариера.

Поголемиот дел од натпреварите сезонава ги пропушти поради повреда, не беше ниту пријавен за натпреварите од пролетниот дел од Лигата на шампионите и под знак прашалник е неговиот престој кај „росонерите“.

Иако ужива статус на апсолутна клупска легенда на Сан Сиро, Златан сака да игра. Неговата желба е многу амбициозниот клуб, кој оваа сезона за прв пат во својата историја игра во Серија А, ќе се обиде да ја исполни.

Монца оваа сезона во неколку наврати успеа да земе скалп на силни тимови, два пати беше поразен Јувентус, додека голем бод освои Интер.

На чело на клубот е познатиот тандем Силвио Берлускони – Адријано Галијани, искусни лисици кои своевремено го направија Милан најуспешен клуб на меѓународната сцена.

Галијани ќе го искористи пријателството со Ибрахимовиќ и ќе му понуди да игра за Монца. Тој сака да игра барем уште една година за да настапи на ЕП со Шведска, а Монца му нуди загарантирана минутажа.

Заминувањето на легендарниот напаѓач во овој клуб на некој начин би било изненадување, сепак, јасно е дека приоритет на Ибрахимовиќ во доцните фудбалски години е да поминува што повеќе време на теренот, поради што би можел да ја прифати поканата на Галијани.

Во текот на сезоната Монца донесе голем број нови играчи во тимот и веќе е во мирни води со 15 бода во резерва во однос на зоната за испаѓање.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ