Иако не покажа црвени картони: Еве зошто судијата го остави Вилјареал со двајца играчи помалку!

14.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иако не покажа црвени картони: Еве зошто судијата го остави Вилјареал со двајца играчи помалку!
ФОТО:facebook.com/villarrealcf/

Фудбалска Европа беше сведок на една од најбизарните судиски одлуки видени во последните години на големата сцена! Виљареал го победи Наполи со 3:1 во второто коло во ЛШ, но малкумина зборуваат за победата на „жолтата подморница“. Главна тема на Стариот континент е германскиот судија Даниел Зиберт, кој го примени новото, ригорозно правило на УЕФА и го остави шпанскиот тим само со девет играчи на теренот!
Неверојатна сцена се случи во 63-тата минута од натпреварот. Тренерот на Виљареал, Марселино, реши да направи двојна замена за да го освежи нападот. Тој покажа кон клупата, а напаѓачите Жерар Морено и Жорж Микаутадзе полека почнаа да го напуштаат теренот. Потоа на сцената стапи главниот делител на правдата. Германскиот судија, Даниел Зиберт, процени дека двајцата фудбалери намерно губат време и одат неразумно бавно кон аут-линијата. Наместо само да мавта со раката, Зиберт донесе одлука што го шокираше целиот стадион – ја спушти рампата и им забрани влез на нивните замени!
Многумина на стадионот мислеа дека имало грешка, но судијата само доследно ја спроведуваше новата директива на УЕФА против крадење време. Правилото е кристално јасно: играчите кои го напуштаат натпреварот се должни да го напуштат теренот што е можно поскоро, без одлагање. Доколку не го сторат тоа, играчите кои влегуваат како резервни играчи немаат право да стапнат на теренот цели 60 секунди!

Поради оваа драстична мерка, Виљареал мораше да се брани цела минута со само девет играчи на теренот против разиграниот Наполи. На трибините имаше општа врева, а шпанските медиуми објавија дека во тој момент, никој, од навивачите до коментаторите, не можеше да разбере зошто резервните играчи стоеја до четвртиот судија додека се играше натпреварот.

По натпреварот, самиот Жерар Морено се огласи, обидувајќи се да ја оправда својата постапка:
“Во тој момент, не го слушнав свирежот што ми нареди веднаш да го напуштам теренот“се бранеше напаѓачот на Виљареал.
Иако ситуацијата им изгледаше шокантна и нереална на сите присутни, одлуката на Зиберт беше 100% опфатена со прописите. УЕФА испрати брутално предупредување до сите тимови во Европа – одложувањето и крадењето секунди повеќе нема да се толерираат, а казните ќе стапат на сила веднаш на теренот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата