И Модриќ го вклучија во дебатата за тоа кој е подобар: Меси или Роналдо?

31.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Модриќ го вклучија во дебатата за тоа кој е подобар: Меси или Роналдо?
ФОТО: AC Milan/FB

Играчот од средниот ред на Милан и легендата на Реал Мадрид мораше да заземе став за вечната дебата помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо во интервју за „Кориере дела Сера“, но одлучи да не оди во крајности. Хрватскиот маестро ја делеше соблекувална со Португалецот во „кралскиот“ клуб.
„Ова е прашање што не ми се допаѓа. Тие одбележаа една ера. Поблизок сум со Кристијано затоа што играв со него, тој беше мој соиграч во Мадрид и ве уверувам дека тој не е само одличен фудбалер, туку е неверојатна личност. Луѓето не го знаат тоа, но тој има огромно срце, секогаш подготвен да им помогне на другите. И тој е обичен, нормален човек“, рече Модриќ.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата