Гвардиола: Сезоната започнува дури сега

21.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвардиола: Сезоната започнува дури сега
Фото: Манчестер Сити Х

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, даде интересна изјава во која рече дека тековнава сезона реално започнува во моментов, откако завршија сите репрезентативни паузи и активности.

Сити викендов оди на дуел со Њукасл. Тимот на смее да си дозволи повеќе киксеви со што би му дал повод на Арсенал да се одлепи уште повеќе бодовно.

„Сите се во форма и подготвени, освен Ковачиќ и Родри. Родри добро напредува. Поминаа три недели откако последен пат имаше проблем. Тој знае дека треба да му дадеме доволно време целосно да ги надмине проблемите и да може да игра на конзистентно ниво од сега до крајот на сезоната“ – рече Пеп.

„Сезоната има два дела – кога ќе се затвори летниот преоден рок и кога ќе заврши ноемвриската пауза за националните тимови. Сега кога последната пауза заврши, ќе имаме натпревари на секои три или четири дена до март. Сега започнува вистинската сезона. Важно е да се биде таму блиску до врвот, а потоа, кога ќе се приближи крајот на сезоната, да се има шанса да се бориме за првото место. Тоа е целта и победата утре ќе биде важен чекор за нас“ – додаде менаџерот на Сити.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата