Гвардиола: Одигравме добар натпревар, но последните 20 минути не чинеа многу

2.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвардиола: Одигравме добар натпревар, но последните 20 минути не чинеа многу

По убедливиот пораз од екипата на Арсенал, Пеп Гвардиола го кажа своето мислење за дебаклот на својот тим.

Се каам само за последните 25 минути, заборавивме што требаше да направиме, што правевме 65-70 минути. Секако, почетокот на натпреварот беше многу тежок, против овој тим тоа ни се има случено многу пати оваа сезона. Но, по 10-15 минути мислам дека се консолидиравме и одигравме многу добро и го изедначивме резултатот. Потоа влеговме во криза и примивме многу лесни голови. Жалам за последните 15-20 минути, инаку ова беше добар натпревар од наша страна. Тешко е да се разбере знаејќи го резултатот, но јас така се чувствувам. Ова ни се случува цела сезона, можевме да постигнеме уште три погодоци, но среќата не беше на наша страна.“ – изјави шпанскиот стратег.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата