Готово е: Бензема по 14 години го напушта Реал и оди во Саудиска Арабија

1.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Готово е: Бензема по 14 години го напушта Реал и оди во Саудиска Арабија

Речиси сите реномирани спортски сајтови пренесуваат дека францускиот напаѓач Карим Бензема ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се пресели во Ал Итихад од Саудиска Арабија. Иако Французинот и Реал усно се договорија за нова соработка, сепак, таа нема да се случи, па освојувачот на Златната топка за 2022 година ќе оди да игра во Саудиска Арабија каде што игра неговиот поранешен колега од Реал, Кристијано Роналдо.

Се шпекулира дека Бензема ќе потпише двегодишен договор вреден 100 милиони евра по сезона , а некои пишуваат двегодишен договор вреден вкупно 400 милиони евра, плус ќе добие бонуси како амбасадор на С.Арабија за добивање на СП 2030 година.

Бензема за 14 сезони во Реал освои 24 трофеја.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата