Голем проблем за европскиот првак во пресрет на завршниот дел од сезоната. Имено ПСЖ издаде официјално соопштение во врска со состојбата на нивниот клучен играч од средниот ред, Витиња. Португалецот страда од воспаление на десната петица. Повредата е резултат на несреќен пад во 39-тата минута за време на неделниот натпревар против Лион – натпревар кој на крајот донесе радост во тимот на Пауло Фонсека.
Клубот даде дополнителни информации за закрепнувањето на играчот:
“Витиња ќе остане под медицински надзор во наредните денови. Нова проценка на неговата состојба ќе биде направена на крајот од неделата.
Се очекува дека тогаш ќе бидат достапни повеќе детали во врска со напредокот во закрепнувањето на португалскиот интернационалец. Повредата на Витиња предизвика сериозни тензии не само во парискиот табор, туку и во португалската репрезентација. Светското првенство започнува за помалку од два месеци – на 11 јуни, што ја доведува во прашање оптималната форма на играчот од средниот ред за големиот форум.
Досега, Витиња имаше исклучително напорна сезона, играјќи речиси без пауза и за својот клупски тим и за португалската репрезентација.

