ПСЖ – Стразбур 3:3 е исходот од вечерашниот меч во рамките на Лига 1. Се разбира дека ова е големо изненадување или пак не ако се знае дека гостите по ова реми се само со -1 бод на второто место на табелата во однос на европскиот првак.
Гостите водеа со 1:3 и имаа шанса да избијат на чело на табелата.
Супер интересен меч, во кој за тимот на Луис Енрике не настапија повеќе стандардни првотимци поради повреда на чело со Усман Дембеле.
Домашните поведоа во 6.минута со голот на Баркола, додека Паничели израмни со својот прв гол во 26.минута а Мореира во финишот на првиот дел донесе водство од 1:2.
Само што почна второто полувреме Паничели зголемува на 1:3.
Сепак ПСЖ не дозволи да биде совладан на свој терен, па така со головите на Рамош и Мајулу израмни на 3:3.
Сега Марсеј и Лион со победи викендов ќе избијат на чело на табелата.