Ѓоковиќ беше во Зеница и во живо ја следеше пенал-драмата меѓу БиХ и Италија (ВИДЕО)

1.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѓоковиќ беше во Зеница и во живо ја следеше пенал-драмата меѓу БиХ и Италија (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го гледаше во живо финалето од плејофот за Светското првенство меѓу Босна и Херцеговина и Италија.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина се квалификуваше на Светското првенство по вторпат во историјата, откако ја победи фаворизираната Италија на Билина Поље во Зеница по изведувањето на пенали.

Пристигнувањето на Новак на стадионот привлече огромно внимание, а Србинот доби огромни овации, а интересно беше да се види и неговата реакција по решавачкиот гол на Есмир Барјатаревиќ.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата