Суперталентираниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ, е на чекор да се пресели во италијанска Рома, објавија босанските медиуми. Одличните игри на 18-годишникот не останаа незабележани, а во последните недели бројни клубови беа поврзувани со офанзивниот играч кој оваа сезона играше за Салцбург.
Медиумите го поврзуваат со некои од најдобрите англиски клубови, но според локалните медиуми, Алајбеговиќ е најблиску до трансфер во Рома, каде што би можел да добие значајна можност да го реализира својот целосен потенцијал во клуб кој не се плаши да им даде шанса на младите таленти. Посредник во овој трансфер треба да биде поранешниот репрезентативец на БиХ, Миралем Пјаниќ, кој делумно се фрли во менаџерските води, а има одличен углед во Италија бидејќи настапуваше со голем успех за Рома и Јувентус.

