Газдата на Челзи не го препознал Руд Гулит: “Кој си ти? Што бараш на стадион?“

1.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Газдата на Челзи не го препознал Руд Гулит: “Кој си ти? Што бараш на стадион?“

Ете затоа Челзи под водство на Тод Боли, Американецот кој го купи Челзи од Роман Абрамович пред три години, е таков каков што е сега. Клуб кој важеше за еден од најголемите во светот двоен европски првак од 2012 и 2021 година, клуб кој беше мега – бренд, да спадне на клуб кој не знае каде тера.

Најголем доказ е изјавата на легендарниот Руд Гулит. Холанѓанецот кој со својата земја беше европски првак во 1988 и член на најголемиот тим на Милан во историјата, дел од она фамозно трио – Ван Бастен, Гулит и Рајкард.

Да, Гулит беше играч и на Челзи како и тренер на „сините“.

Јас доаѓам на стадион и му се претставувам на Тод Боли, газдата на Челзи. А тој ме прашува – Кој си ти? Што бараш на стадион? Искрено тој нема поим ниту од фудбалот, ниту за Челзи. Токму затоа овој клуб го загуби својот препознатлив идентитет“ рече покрај другото Гулит.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата